По долгата најава и тизер материјалите, францускиот производител на ултра луксузни и брзи автомобили Bugatti премиерно го претстави најновиот модел Divo.

Divo кој се темели на истата основа како и Chrion, е опремен е со 8.0 литарски W16 мотор кој продуцира 1.479 КС. Тоа е оној истиот мотор кој се користи и кај Bugatti Chiron. Со ваквата спецификација, до 100ка забрзува за 2.5 секунди.

Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 280 км/ч што е за 30 км/ч помалку од Chiron.

bugatti divo side

Цената на овој автомобил изнесува речиси 6 милиони евра што го вбројува меѓу најскапите автомобили во светот, а според информациите објавени од производителот, во животниот век на овој автомобил ќе бидат произведени само 40 примероци.