По денешната редовна седница, Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цената на горивата.
Така според одлуката од ноќеска на полноќ Еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар и сега новата цена ќе изнесува 72 денари за литар. Поскапување има и кај Еуросупер БС-98 и тоа за 1 денар па така новата цена за литар ќе изнесува 74 денари. Во однос на дизелот, цената за еден литар ќе изнесува 64.5 денари.
Новите цени ќе започнат да важат од ноќеска на полноќ, а следната евентуална корекција на цената ќе се случи за две недели поточно на седницата закажана за 17 септември.