Моторното масло е она на што најмалку треба да штедите кога е во прашање благосостојбата на вашето возило.

На пазарот постојат многубројни моторни масла, од најразновидни производители со најразновидни карактеристики. Но дали сте знаеле дека полусинтетичкото масло воопшто не е добро за турбо мотор?

Полусинтетичкото масло е помалку отпорно на високи температури отколку синтетичкото. Тоа во себе има 25 синтетичко масло додека останатото е минерално и нема добри перформанси при загревање. При високи температури особено на 900⁰C, поради своите перформанси, полусинтетичкото масло може да придонесе до затворање на каналите каде протекува маслото и да го отежне подмачкувањето.

Иако разликата во цена е многу мала, многу од нас во турбо мотор ставаат полусинтетичко 10W масло, но штетата која обично се појавува неколку години подоцна може да биде огромна.