Во фабриката на Audi во Брисел и официјално започна производството на електричниот SUV модел Е-Tron и покрај тоа што премиерата на овој модел се уште не е направена.

Од достапните технички информации, E-Tron ќе располага со два електромотори со сила од 265 kW односно 360 КС. Максималната брзина која може да ја достигне изнесува 200 км/ч додека забрзувањето од 0 до 100 км/ч изнесува нешто помалку од 6 секунди.

Овој модел ќе биде првиот кој наместо ретровизори ќе има вградено камери кои ќе ја извршуваат функцијата на ретровизори. Како додатна опрема ќе биде понудено и Bang&Olufsen озвучување со 16 звучници.

Светската премиера на овој модел е закажана за 17 септември во Сан Франциско кога на јавноста производителот ќе ги соопшти и сите технички карактеристики на овој автомобил. Со овој адут Audi ќе им конкурира на Jaguar I-Pace, BMW iX3 и Mercedes-Benz EQC