38 годишниот финец Кими Раиконен од следната сезона повеќе нема да вози за Ferrari. Оваа информација во официјално соопштение беше потврдена од најтрофејниот F1 конструктор, Ferrari.

“Раиконен игра(ше) важна улога во развојот и напредокот на тимот, а со тоа е одличен тимски играч” стоеше меѓудругото во соопштението на италијанскиот спортски произзводител. Од таму му се заблагодаруваат на финецо и му посакуваат се најдобро во понатамошната кариера.

Кими Раиконен кариерата ќе ја продолжи во Alfa Romeo Sauber каде ќе вози од сезоната 2019. Токму и во овој швајцарски конструктор тој ја започна својата професионална кариера во F1, а некои тврдат дека ова ќе биде и последната сезона во кариерата на Раиконен.

Ferrari пак, празното место ќе го пополнат токму со возачот на Alfa Romeo Sauber. Станува збор за французинот Шарл Леклер чиј најдобар резултат во кариерата му е 6. позиција на трката во Азербејџан.