Министерството за Внатрешни работи во соопштение за јавноста информираше дека во текот на ноќта спроведоле контрола на територијата на градот Скопје.

Како што соопштуваат од МВР, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, во изминатата ноќ во периодот од 23:00 часот, саботата навечер до утринава во 05;00 часот спроведе акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 188 возачи. Кај 25 од нив било утврдено присуство на алкохол во крвта. По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, кон возачи преземени се вкупно 113 мерки. Исклучени се 25 возачи од сообраќај, времено се одземени 19 возачки дозволи, издадени се 39 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Ова е само една од редовните контроли кои изминатите викенди се случија на територијата на градот Скопје.