Гумите се многу значаен дел од автомобилот. Од нив, нивната кондиција и квалитет, зависи крајниот перформанс на автомобилот, безбедноста и сигурноста во возењето. Не сите гуми се универзални, и нивната примена зависи од самата спецификација на автомобилот како и фелните.

Со какви карактеристики располагаат гумите може да се види од самиот алфабетски текст односно кратенките испишани на надворешната страна од гумата. Но што тие значат? Во продолжение ќе ви претставиме што навистина кратенките значат.

Image result for car tire code

За пример ќе ја земеме кратенката 215/60 R16 94V.
215 – Ширина на гумата во мм
60 – Односот на висина и ширина во проценти
R – Код за типот на гумата (R=радиална гума)
16 – Дијаметар на фелната изразено во цолови
94 – индекс на носивост
V – брзински индекс (во зависност од брзинскиот индекс може да се сретнат следните букви: T, H, V, W и Z)

Буквата “P” пред 215 означува дека станува збор за гума за патнички автомобил.

Покрај овие кратенки на гумата може да се најдат и следните:
RF и XL – знаци за појачани гуми со поголем индекс на носивост
M+S – знаци за зимски гуми за снег и кал

Некои производители покрај горенаведените кратенки на гумите додаваат и четири бројки. Овие бројки означуваат годината и неделата кога тие се произведени. Така на пример кратенката 1318 означува дека гумите се произведени 13та недела од 2018 година.