Италијанскиот производител Fiat го претстави новиот рестилизиран модел 500X. Со него, Fiat ја лансираше и новата реклама.

Како и сите реклами претходно и оваа ги надминува очекувањата, а ја изразува целата креативност на Fiat канализирана од страна на маркетинг агенцијата задолжена за комерцијалната реклама.

Покрај новиот 500x во рекламата главната улога ја има Имет Летроп, главниот актер во филмската трилогија “Назад во иднината”. Токму во две и пол минутната реклама, Fiat накратко ја претставува еволуцијата од Fiat 500 од минатиот век до новиот 500X и сето тоа “зачинето” со бројни аудио-визуелни елементи од наведениот филм.

Целосната реклама можете да ја погледнете во продолжение.