Четири години откако премиерно беше претставена втората генерација, францускиот производител Citroen како и самата PSA Групација работи на новата, трета генерација на најмалиот во понудата автомобил.

Она што е потврдено е дека оваа генерација на Citroen C1 ќе дојде со електрична изведба. “Ќе биде електричен” изјави кусо Линда Џексон, претседателакта на францускиот производител. Таа меѓудругото изјави и дека сегментот станува се помал и помал и дека конечно е време да еволуира, а токму електричната технологија ќе помогне во тоа.

C1 беше за прв пат лансиран во 2005 година како плод на соработката на PSA Групацијата и Toyota. Покрај овој модел, на истата платформа, но и со минимални екстериерни промени беа произведени и моделите Peugeot 107, Peugeot 108 и toyota Aygo. Токму третата генерација на овие мали градски автомобили покрај новитет во понудата на Citroen ќе донесе и новитети во понудата на Peugeot и Toyota. Останува нејасно дали PSA Групацијата ќе се одлучи во овој план да го вметне и Opel.

Новата генерација се очекува во продажба да се појави на почетокот на 2020 година. До тогаш се очекува да се појават многу повеќе информации околу цените и техничките карактеристики на овие модели.