Нов понеделник и повторно поскапување. Регулаторна донесе одлука за повторно поскапување на горивата откако истото го направи пред две недели.

Според денешната одлука, цените на бензините се зголемуваат за дена и денар и половина. Така Еуросупер 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 74.50 денари додека 98та 76.50 денари.

Покрај бензините, од полноќ поскапува и Еуродизелот па така од полноќ цената за еден литар ќе изнесува 69.00 денари што е зголемување за два денари.

Следната можна корекција ќе се случи за две недели.