Skoda ќе ги освежува спомените поврзани со Yugo Skala лансирајќи го својот нов хечбек модел именуван идентично, Skoda Scala. Skoda Scala ќе биде новиот назив на долгоочекуваниот Rapid кој и дефинитивно ќе замине во историјата.

Чешкиот производител во рамките на изминатиот саем во Париз го претстави концептниот модел Vision RS кој долго време е најавуван како наследник на Rapid. Сега е се поизвесно дека сериското производство на овој модел ќе се одвива под називот Scala.

Според пишувањата, Skoda продукциската верзија премиерно ќе ја претстави не подоцна од првиот квартал следната година, на саемот во Женева, а производството се очекува да започне кон втората половина следната година.

Image result for skoda scala

Од она што е познато од концептот претставен во Париз, овој компактен модел од C сегментот се темели на MQB A0 платформата која ќе биде користена и кај следниот најмал SUV во понудата на Skoda. Под хаубата овој автомобил ќе располага со 1.0 и 1.5 литарски TSI бензински мотор како и 1.6 литарски TDI дизелски мотор.

Во наредниот период се очекува чешкиот производител да објави подетално информации околу овој модел, пред се во однос на техничките карактеристики и опременоста.