Иако сезоната 2018 се уште не е завршена, подготовките за следната сезона се веќе започнати. Организациониот одбор на F1 го потврди календарот за следната сезона.

И во сезоната 2019 како и оваа, на календарот се закажани 21 трка. Редоследот на трки е идентичен како и оваа сезона, а измена има само во датумите. Така сезоната ќе започне на 17 март односно една недела порано од оваа сезона со трката во Мелбурн.

Во однос на патеките нема ниту една измена. Така покрај трката за големата награда на Австралија, во календарот се наоѓаат уште и патеките во Бахреин, Шангај, Баку, Монтмело, Монте Карло, Монтреал, Ле Кастелет, Шпилберг, Силверстоун, Хохенхајм, Хунгароринг, Ставелот, Монца, Сингапур, Сочи, Сузука, Мексико Сити, Остин, Сао Паоло и Абу Даби.

Претходно се најавуваше дека оваа година ќе има 24 трки, а како најсериозни кандидати за нови патеки беа патеките во Виетнам, Данска и Аргентина.