Вградената напредна технологија во новите автомобили донесе примена на напредни методи за кражба на истите. Иако многу производители уверуваа дека новите автомобили потешко може да се украдат, сепак праксата го покажува спротивното.

Потребата од зголемување на безбедноста придонесе неколку производители, а особено Tesla да посвети големо внимание на обезбедување на возилот користејќи напредна технологија. Сепак и оваатехнологија не е проблем за крадците, но во споредба со класичната значително знае да ги намачи крадците.

Дека не е лесно да се украде Tesla покажуваат и безбедносните камери од Епинг (Англија) каде пред неколку денови беше украден Tesla автомобил. На видеото објавено на YouTube може да се види како неколку крадци се намачуваат крадејќи го автомобилот.

Иако Tesla има вградено т.н. Remote Access, сепак автомобилот не е лоциран. Се претпоставува дека крадците користеле интернет блокатори или дека физички ја имаат отстрането SIM картичката.