На свечена церемонија денеска претседателот на Кина Си Џинпинг го пушти во употреба најголемиот поморски мост во светот.

Мостот чија изградба траеше нешто повеќе од девет години е долг 55 километри, а за целосна изградба беа потрошени нешто над 20 милијарди американски долари. Мостот ги поврзува поморски Хонг Конг и Макао, а со цел да се овозможи непречено функционирање на поморскиот сообраќај направени се и вештачки острови во чија близина може без проблем да се одвива поморскиот сообраќај.

На почетокот на мостот се наоѓа патарина, а дневната проценка е дека низ овој мост ќе се движат околу 9.200 возила, во двата правци.