Организацискиот одбор составено од бројни членови на жири комисијата, ги одбра шесте финалисти за овогодинешната престижна награда. Традиционало, од 20те номинирани автомобили, жирито ги одбра најдобрите шест.

Во потесниот избор жирито ги номинираше следните осум автомобили: Citroen Berlingo, Peugeot Rifter, Opel Combo, Citroen C4 Cactus, Dacia Duster, Ford Focus, Kia Ceed и Toyota Corolla.

Финалистот ќе биде објавен на 15 декември, а во оценката на автомобилите, жирито составено од 31 новинар од 31 европски земји, ќе се водат од следните критериуми меѓу кои како поважни се издвојуваат односот квалитет-цена, дизајн, удобност, технологија, квалитет на сервисните услуги, достапноста на резервни делови и слично.

Оваа награда во континуитет се доделува од 2002 година, а како најнаградуван производител е италијанскиот Fiat со добиени три награди и тоа за моделите Panda, Linea и Tipo. Минатата година наградата ја доби Citroen C3 Aircross.