Министерството за внатрешни работи, поточно секторот за внатрешни работи Скопје и овој викенд спроведе контрола на подрачјето на градот Скопје со цел да ги открие возачите кои возат под дејство на алкохол.

Како што соопштуваат од страна на МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје ноќта помеѓу 27.10 и 28.10 во периодот од 23:00 и 05:00 спроведе зајакната акциска контрола. Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 88 возачи, a кај 18 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање.

По однос на констатираните  прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 19 мерки по горенаведениот прекршок, исклучени се 19 возачи од сообраќај, а откриени се и 23 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 8 прекршочни платни налози, соопштуваат од Министерството.