Денеска во Истанбул на свечена церемонија ќе отвори новиот, најголем аеродром во светот.

На свечената церемонија ќе учествуваат преку 50 високи државници, меѓу кои и претседателот на Северен Кипар, емирот на Катар, министерот за надворешни работи на Иран како и бројни дипломатски претставници. Церемонијата ќе биде предводена од Реџеп Таип Ердоган кој во 2014 година го означи почетокот на изградбата на најголемиот проект.

Овој аеродром зафаќа површина од 76 километри квадрани, а за изградбата на оваа прва, од трите фази, Турција издвои 10.5 милијарди евра. Се очекува сите три фази да бидат завршени не подоцна од 2030 година, а вкупниот капацитет е планирано да изнесува 200 милиони патници годишно.

Денешниот ден за инагурација е избран поради годишнината од создавањето на модерна Турција од страна на Кемал Мустафа Ататурк, а првиот лет ќе биде на релација Истанбул – Анкара. Првиот меѓународен лет ќе биде спроведен на 31 октомври на релација Турција – Северен Кипар.

ФОТО: www.aa.com.tr