Менувачот, особено мануелниот, е многу сензитивен дел од нашето возило. При тоа, со нашите секојдневни навики често имаме негативно влијание врз истиот, па со тоа и животниот век значително му го намалуваме.

Како пет најчести грешки односно навики што ги правиме при возењето, а што имаат негативно влијание можеме да ги наведеме следните:

  1. Одмарање на нашата рака на менувачот. Честа грешка која ја правиме во секојдневното влијание. Со самото тоа што ја одмараме раката, вршиме притисок врз менувачот.
  2. Притискање на педалата за кумплуг кога чекаме подолго. Ова особено често се случува на семафори додека чекаме да се вклучи зеленото светло.
  3. Истоврмено подолго задржување на кумплугот и ножната кочница додека автомобилот се наоѓа на угорнина. При тоа ова има особено негативно влијание доколку истовремено автомобилот се наоѓа во брзина.
  4. Нагло забрзување со високи степени на пренос на менувачот
  5. Одмарање на левата нога на педалата за кумплунг