На гумите денеска, за разлика од минатото, благодарение на бројните стандардни за безбеднст и заштита на потрошувачите може да се најдат најразлични симболи, кратенки, ознаки. Сите тие даваат одредена информација на корисникот за самите гуми.

Покрај кратенките од типот на 215/60 R16 94V на гумите често може да се забележи и симбол од планина со три врва и/или снегулка. Не е потребно да сте експерт, па ниту ви е потребен антрополог за да може да утврдите дека снегулката означува дека гумите се зимски.

И да, токму така, сите гуми на кои од надворешната страна има симбол на снегулка означува дека станува збор за зимска гума. Овие симболи се многу често присутни кај автомобилските и камионските гуми и при ттоа означуваат дека гумите во зимски услови овозможуваат супериорна влеча.

Опционално, некои гуми ги содржат и буквите “М” и “S”. Така комбинацијата на овие букви (пр. MS, M/S, M&S, or M+S) означува дека гумата има одлични перформанси и во кал (mud) и на снег (snow).

[ЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Еве што значат кратенките на гумите]