Сите 13 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кина откако возач на автобус изгубил контрола и излетал со автобусот низ мостот по што паднал во локалната река.

Несреќата настанала откако засега непознати причини патничка на градскиот автобус го нападнала возачот на автобусот по што овој изгубил контрола, ги “пресекол” спротивните две ленти, удрил во автомобил и излетал од мостот, по што од висина од 50 метри паднал во реката Јангце.

Телевизиите во Кина објавија видео од безбедностите камери на автобусот од кој може јасно да се види што се случувало во автобусот. Исто така на YouTube е објавено видео од камера од ученик во сообраќајот на кој јасно се гледа падот од мостот.