И овој викенд идентично како и претходните, Секторот за внатрешни работи Скопје  при МВР спроведе зајакнати контроли на територијата на градот Скопје.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје во периодот од 23:00 на 10.11.2018 до 05:00 на 11.11.2018 спроведе засилени контроли на скопските сообраќајници за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената на подрачјето на Скопје.

Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 130 возачи, a кај 16 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање, наведуваат од МВР.

Во контролната акција, забележани се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената констатирано е дека 60 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 56 мандатни налози и четири прекршочни платни налози.