Од Њујорк до Лондон со автомобил. Можеби звучи футуристично, меѓутоа ова е дел од планот за создавање на најголемиот автопат на светот.

Се појави најпрво во руските медиуми, а сега зборат сите, овој автопат е една од желбите и на Владимир Путин, но реализацијата на истиот бара многу ресурси, особено финансиски.

Овој автопат е замислен да започне од Њујорк при што возејќи по веќе изградена мрежа од автопати низ САД и Канада да се пристигне до најзападниот дел на Алјаска. Потоа преку голем мост да се стигне до Русија. Тука е и најголемиот проблем особено ако се знае дека во Русија нема развиено голема патна мрежа, па потребно е да се изградат над 80 илјади километри автопат.

Откако ќе се напушти Русија, автопатот би поминувал низ Белорусија, Полска, Германија и Франција од каде ќе се поврзе со Велика Британија.

Според пишувањата, за да стигнете до Њујорк од Лондон, потребно е да извозите нешто над 200 илјади километри, а во меѓувреме ќе треба да посетите неколку сервиси за да смените неколку пати масло, филтри, ребраст каиш однсоно да направите и голем ремонт.

Иако овој план е само на хартија, реализацијата тешко и да се случи, но како идеја е навистина одлична.