На денешната седница Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нова корекција на цените чија важност стапува на сила од ноќеска на полноќ.

Според одлуката, од ноќеска на полноќ бензините се намалуваат за 4.5 денари додека дизелот за 3 денари. Така новата цена на Еуросупер 95 сега ќе изнесува 67 денари додека на Еуросупер ќе изнесува 69 денари што е намалување од 4 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 64.5 денари. Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство чија цена сега се намалува за 3.5 денари и ќе изнесува 53 денари за литар.

Следната корекција согласно правилникот на РКЕ ќе се спроведе за две недели односно на 26ти овој месец.