Еден од најеминентните производители на мотоцикли, Kawasaki во рамките на EICMA салонот кој се одржа во италијанскиот град Милано го претстави новиот модел Z400.

Z400 кој е всушност т.н. разголена верзија на Ninja 400 и располага со 399 cc. Доаѓа со неколку нови компоненти како што е виљушката со пречник од 41 мм. Тука би ги наведеле и новите сопирачки, LED светла и амортизација преземена од другите модели на Kawasaki.

Кокпитот овозможува јаснотија и чиста прегледност на инструментите. Тука е и новата аналогна и LCD инструментален дисплеј позајмен од моделот Z650. Тука се и новите бои на каросеријата и тоа: Candy Lime Green / Metallic Spark Black and Candy Cardinal Red / Metallic Flat Spark Black

Од историска гледна точка, мотоцикл со овој назив јапонскиот производител за прв пат воведе во 1974 година, а важи за еден доста популарен модел на мотоцикл. Во продажба доаѓа следната година, а потврдено е дека ќе биде понуден на сите глобални пазари. Што се однесува до цената се очекува да започнува од нешто над 4 илјади евра.