Тимот на АутоКлуб при посетата на Olympia Motors Outlet центарот во Скопје имаше можност да се запознае одблиску со со Mercedes C250 Bluetec од 2015 година.

Генерални информации

Произведен во 2015 година овој автомобил располага со моќен 2.2 литарски дизелски агрегат со 204 КС. Како модел во понудата на Mercedes се појавува во 2014 година, истата година кога е и произведен овој модел.

Овој автомобил во целост е сервисиран во овластен сервис. Од 2015 година кога е и купен овој автомобил до денес има поминато 89.000 километри што кога се во прашања премиум брендовите тоа не е ништо.

Во поглед на димензиите, должината на овој автомобил изнесува 4.686 мм, ширината 1.810 мм додека висината 1.442 мм. Меѓуоскиното растојание од 2.840 мм обезбедува голема пространост и комфорност во внатрешноста на автомобилот.

Каталошката потрошувачка во урбана средина се движи од 5.9 до 6.1 литар на 100 км додека на отворено изнесува 4.3 литри на 100 км што во просек изнесува 5.0 литри на 100 км во комбинирани услови.

Екстериер и ентериер

Карактеристичната решетка на ладилникот доминира на предниот дел од автомобилот. Дизајнерската филозофија на германскиот производител секогаш е на високо ниво па оттука и премиум седанскиот изглед кој остава без зборови. За тоа покрај сивата металик боја која одлично се вклопува во луксузниот дизајн, голем придонес имаат и алуминиумските фелни.

Со оглед на тоа што станува збор за возило произведено во 2014 година, тоа воопшто не остава траг врз надворешноста која е одлична, без дамки и оштетувања на бојата.

Во внатрешноста доминира полукожниот ентериер како и квалитетните материјали кои се составен дел од ентериерот. На таблата доминира екранот во боја преку кој е достапен и системот за навигација. Тука е и мултифункционалниот кожен управувач, двозонската автоматска клима, радиото со CD, електриката на предни и задни прозори, електричното склопување на ретровизорите и многу повеќе.

Карактеристично за користени возила, чуството на допир на управувачот, педалите и менувачот укажува на предходна употреба, но истиот е без значителни оштетувања. Седиштата на возилото го потврдуваат високиот квалитет бидејки се и покрај користеноста – со задржана форма и квалитет на текстил.

Тест возење

Со оглед на тоа што овој автомобил има поминато само 89.000 км, возните својства на овој автомобил се навистина на високо ниво карактеристични за сите премиум автомобили со мала помината километража.

Автоматскиот менувач овозможува полесно управување со возилото чија стабилности и комфорност во внатрешноста воопшто не се под знак прашалник.

Свиоците воопшто не се закана за овој автомобил. Без многу напори лесно ги совладува и на прв поглед тешките терени. За тоа големо влијание има и богатата опрема која е составен дел од овој автомобил.

Големата пространост во внатрешноста, големиот багажен простор од 480 литри како и резервоарот од 66 литри е одлична комбинација за долги и далечни семејни патувања, а во градски услови овој автомобил благодарение на возните својства придонесува за голема сатисфакција по секој изминат километар.

Сервисирање и гаранција

Возилото поседува писмен документ за извршената сервисна историја и документ од надворешна техничка служба за општата состојба на возилото. Дополнително , како и за секое возило, Olimpia Motors Outlet одобрува 3 месеци гаранција за возилото  која опфаќа широк склоп на сегменти (мотор, преносен систем, осовини и пренос, кочници и систем за кочење, гориво, управувачки систем, ладење и климатизација).

Исто така со купувањето на овој автомобил добивате и помош на пат во траење од 12 месеци.

Безбедност и удобност

Безбедноста е на највисоко ниво. Доказ за тоа се предните, страничните и кровните воздушни перничиња како и додатното перниче за колено на возачот. Во насока на зголемување на безбедноста на возачот, патниците и околината, овој автомобил располага со бројни системи за асистенција на возачот. Тука би ги наброиле ABS и ESP системите, Active Park Assist (Асистенција за паркирање), круз контролата и слично.

Во однос на удобноста и нема што да се дискутира. Тоа е примарна вредност во филозофијата на Mercedes, а овој модел обезбедува удобност на највисоко ниво. За тоа да е така тука се лумбарните седишта овозможуваат, големата пространост на задната клупа каде без проблем може да се сместат тројца возрасни лица како и капацитетот на багажниот простор кој изнесува одлични 480 литри.

Се на се, овој автомобил во целост ги задоволи нашите очекувања, а повеќе информации околу ова возило можете да добиете на (02) 2600 800, на интернет страната на Olympia Motors Outlet или во изложбениот салон кој се наоѓа на Јадранска Магистрала 125, Скопје.