Италијанската полиција од секторот во Милано ги доби првите електрични автомобили. Станува збор за електричниот модел Volkswagen e-Up, а овие автомобили ќе се користат во строгиот центар на градот каде улиците се тесни.

Со ова се збогатува возниот парк на полицијата во Милано каде меѓудругото се наоѓаат Alfa Romeo Giulia, Alfa Romeo Giulietta, Fiat Bravo, Mitshubishi Outlander, VW Passat, Seat Leon итн.

Италијанските медиуми, а особено вљубениците во италијанските возило испратија бројни критики до италијанската полиција и популарните Карабињери поради трендот на обнова и замена на постоечкиот возен парк со возила кои не се произведени во Италија. Само за потсетување до пред десетина години 90% од возниот парк беше составен од модели на Fiat, Alfa Romeo и Lancia.