Еден од најзначајните производители на мотоцикли кој е во сопственост на Lamborghini планира да лансира нови модели со V4 мотор.

Ова го потврди извешниот директор Клаудио Доменикали кој го оправвда овој план со успехот на Ducati Panigale кој исто така располага со V4 мотор. Планот на италијанскиот производител е во наредните 5 години да лансира 29 нови мотоцикли, а значаен дел од нив ќе бидат опремени со V4 мотор.

Покрај новиот мотор, идните модели ќе добијат и изменет дизајн, и многу поквалитетни составни елементи, побогата опрема и подобри брзински перформанси.

Со реализацијата на овој план Ducati планира да се наметне како најзначаен производител на мотоцикли во светот.