Организациониот одмор на F1 и официјално го потврди календарот за новата сезона. Според планот, новата, 70та сезона ќе започне на 17 март со трката за големата награда на Австралија која се вози на патеката во Мелбурн.

И оваа сезона како и минатата, ќе се возат 21 трка, а во поглед на патеките нема ниту една промена. Тоа значи дека покрај во Австралија, трките од новата сезона ќе се возат и во Бахреин, Кина, Азербејџан, Шпанија, Монако, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Германија, Унгарија, Белгија, Италија, Индонезија, Русија, Јапонија, Мексико, САД, Бразил и ОАЕ.

Сезоната завршува на 1 декември кога на програмата е закажана трката за големата награда на Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати. Бранител на тронот е Луис Хамилтон кој и во новата сезона ќе вози за Mercedes-AMG.