Стручното жири составено од претставници од 31 земјаа од Европа по 16ти пат ја доделија наградата Autobest. Овогодинешната награда припадна на Citroen Berlingo, Opel Combo Life и Peugeot Rifter.

Во потесниот избор жирито ги номинираше уште и Citroen C4 Cactus, Dacia Duster, Ford Focus, Kia Ceed и Toyota Corolla.

Покрај наградата Autobest, оваа организација ја додели и наградата Ecobest, а добитник на истата е Jaguar I-Pace. Наградата Smartbest ја понесе BMW за својот интелигентен персонален асистент додека Companybest наградата ја доби Aston Martin.

Оваа награда во континуитет се доделува од 2002 година, а како најнаградуван производител е италијанскиот Fiat со добиени три награди и тоа за моделите Panda, Linea и Tipo. Минатата година наградата ја доби Citroen C3 Aircross.