Србија дополнително ќе ги зголеми контролите на патиштата. По воведувањето на контролата на брзина на патарините, “Патишта Србија” се одлучи да воведе дополнителни контролни механизми со цел откривање и санкција на оние кои возат над пропишаната брзина.

Според ова јавно претпријатие на Сербија, во наредниот период на делницата Белград – Ниш ќе бидат поставени вкупно 56 камери распоредени на 14 различни локации, а првичнат цел е да се откријат оние возила кои го избегнуваат плаќањето на патарина.

Сепак, јавна тајна е дека овие камери ќе бидат користени и за евидентирање на сите оние кои возат над дозволено пропишаната брзина на точките каде се поставени камерите. Индиректно ова го потврди и претставникот на “Патишта Сербија” Дарко Савиќ кој изјави дека камерите ќе имаат можност да евидентираат регистарски таблички на возила кои се движат со брзина до 250 км/ч.