По одличните две сезони од The Grand Tour, а во исчекување на третата сезона која стартува следниот месец, потврдено е и снимањето и на четвртата сезона од овој серијал.

И во следните две сезони главнат улога ќе ја имаат добро познатите Џереми Кларксон, Џејмс Меј и Ричард Хемонд, а како што пренесуваат британските медиуми, серијата ќе има десетина 60 минутни епизоди во добро познатиот концепт со дополнителни четри двочасовни специјали.

Концептот на оваа серија е составен од најразлични патувања низ светот каде што екипата од тројца презентери-тестери тестираат и презентираат најразлични спортски автомобили.

Така во изминатите сезони екипата патуваше во Дубаи, Јоханесбург, Лох Нес, Штутгарт, Нешвил, Ротердам и многу други места каде се возеа автомобили од типот на McLaren P1, Porsche 918, LaFerrari, BMW M2, Alfa Romeo Giulia QF, Audi S8, Aston Martin DB11 и многу други ултра брзи автомобили.

И наредните две сезони ќе се емитуваат преку интернет платформата Amazon Video.