Познатиот и доста популарен авто водител, Џереми Кларксон ги одбра петте најдобри автомобили за минатата година.

Водејќи се од цената и спортските перформанси, Кларксон за најдобар автомобил го одбра Lamborghini Huracan Performante. Овој автомобил кој беше премиерно претставен во 2017 година се најде на оваа позиција благодарение на бројната опрема, одличната аеродинамика и супериорните перформанси.

Во топ 5 автомобили во изборот на Кларксон се најде и Porsche 911 GT2 кој според Кларксон е брилијантен спортски автомобил. На третата позиција е BMW Alpina B5 за кого Кларксон додели 4 од 5 ѕвезди.

Листата на најдобри пет автомобили ја комплетираат уште Aston Martin Vantage како и Bentley Continental GT.