Тимот на АутоКлуб при посетата на Olympia Motors Outlet центарот во Скопје имаше можност да се запознае одблиску со BMW 3 Gran Turismo 320D од 2013 година.

Генерални информации

Произведен во 2013 година овој автомобил располага со моќен 2.0 литарски дизелски агрегат со 163 КС. Како модел во понудата на германскиот производител се појавува во јуни 2013 година.

Во поглед на димензиите, должината на овој автомобил изнесува 4.824 мм, ширината 1.828 мм додека висината 1.508 мм. Меѓуоскиното растојание од 2.920 мм обезбедува голема пространост и комфорност во внатрешноста на автомобилот.

BMW 3 Gran Turismo 320D 163ks full

Каталошката потрошувачка во урбана средина се движи од 5.8 литри на 100 км додека на отворено изнесува 4.4 литри на 100 км што во просек изнесува 4.9 литри на 100 км во комбинирани услови.

Екстериер и ентериер

Овој модел се базира на F30 платформата која BMW ја лансираше токму во 2013 година. Визуелно, овој автомобил ги има сите карактеристики на fastback што во превод претставува “напумпан” хечбек. На предниот дел доминираат препознатливите бубрези на BMW додека спортската линиај која продолжува од страните завршува со спојлерот поставен на задниот дел.

Одличниот екстериер е истакнат со металик бојата која е без оштетувања и дамки како и алуминиумските фелни кои претставуваат “јаготка на шлагот”.

Нескромната препознатлива дизајнерска филозофија на производителот од Минхен продолжува и во внатрешноста. Таму доминира полукожниот ентериер како и квалитетните материјали кои се составен дел од ентериерот.

BMW 3 Gran Turismo 320D 163ks full

Централното место го зазема радиото со 8.8” екран со интегриран BMW Navigation System Professional кој му дава 3D дизајн на возачот во комбинација со иновативниот концепт на приказ и многуте функции за навигација. Системот поддржува Bluetooth конекција плус гласова контрола и Harman/Kardon sound system. Тука е и мултифункционалнио кожен управувач кој значително го олеснува управувањето на автомобилот.

BMW 3 Gran Turismo 320D 163ks full

Ентериерот е во целост зачуван, а кожните седишта сеуште ја имаат првобитната форма. Ова говори за премиум пристапот на BMW во развојот на овој автомобил.

Тест возење

Со оглед на тоа што овој автомобил има поминато само 168.000 км, што не е и некоја сериозна бројка кога се во прашање автомобилите на BMW, возните својства на овој автомобил се навистина на високо ниво карактеристични за сите премиум автомобили.

Возењето на овој автомобил е повеќе од забава. Одличната амортизација, комфорноста која произлегува од кожните и удобни седишта како и нискиот звук на моторот го зголемува задоволството од возењето.

Богатата опрема особено бројните системи за безбедност и стабилност овозможуваат овој автомобил во целост да одговори на највисоко ниво во сите средини и под најразлични екстремни услови.

BMW 3 Gran Turismo 320D 163ks full

Големата пространост во внатрешноста, големиот багажен простор од 520 литри како и резервоарот од 57 литри е одлична комбинација за долги и далечни семејни патувања, а во градски услови овој автомобил благодарение на возните својства придонесува за голема сатисфакција по секој изминат километар.

Сервисирање и гаранција

Возилото поседува писмен документ за извршената сервисна историја и документ од надворешна техничка служба за општата состојба на возилото. Дополнително, како и за секое возило, Olympia Motors Outlet одобрува 3 месеци гаранција за возилото  која опфаќа широк склоп на сегменти (мотор, преносен систем, осовини и пренос, кочници и систем за кочење, гориво, управувачки систем, ладење и климатизација).

Исто така со купувањето на овој автомобил добивате и помош на пат во траење од 12 месеци.

Безбедност и удобност

Германските производители, особено BMW секогаш големо внимание посветувале на безбедноста. Како и останатите модели на овој производител така и BMW 3 Gran Turismo во забележа највисоки резултати на Euro NCap краш тестот освојуваќи ги максималните пет ѕвезди.

Покрај цврстата конструкција, голема благодарност за овој резултат на краш тестот имаат и предните, страничните и кровните воздушни перничиња како и додатното перниче за колено на возачот. Во насока на зголемување на безбедноста на возачот, патниците и околината, овој автомобил располага со бројни системи за асистенција на возачот. Тука би ги наброиле ABS и ESP системите, PDC (паркинг сензори), Круз контролата и слично.

BMW 3 Gran Turismo 320D 163ks full

Во однос на удобноста и нема што да се дискутира. Тоа е најголемата предност на овој автомобил. Меѓуоскиното растојание од 2.920 мм овозможува голема пространост во внатрешноста. Особено треба да се истакне големата пространост на задната клупа каде просторот за нозете и главата е повеќе од задоволувачки.

Багажниот простор од 520 литри е еден од најголемите во класата, а со спуштање на задната деллива клупа багажниот простор може да достигне и 1.600 литри.

Се на се, овој автомобил во целост ги задоволи нашите очекувања, а повеќе информации околу ова возило можете да добиете на (02) 2600 800, на интернет страната на Olympia Motors Outlet или во изложбениот салон кој се наоѓа на Јадранска Магистрала 125, Скопје.