Легендата на F1 шампионатот, Ники Лауда е итно хоспитализиран во болницата во неговиот роден град Виена.

Како што наведуваат австриските медиуми, Лауда е хоспитализиран поради грип и е под интензивна нега на лекарите. На 69 годишниот Лауда претходно му е пресаден бел дроб, па оттука и неговото и здравје и имунолошки систем е доста ранлив.

Лауда во болницата во австрискиот град ќе биде задржан до крајот на неделата кога се очекува неговото здравје да биде подобро.

Ники Лауда е трикратен шампион во Формула 1 и тоа во сезоните 1975, 1977 и 1984 година, а во моментов е и единствен што успеал да го освои подиумот и со Ferrari и McLaren.