Американскиот производител Jeep оствари рекордна продажба во 2018 година продавајќи 973.227 нови автомобили на американскиот пазар.

Ова претставува зголемување од 5.61% во споредба на 2017 година односно речиси 50 илјади повеќе од 2016 година од кога е најдобриот продажен перформанс на овој бренд кој е дел од FCA авто групацијата.

Само за споредба 20 години претходно односно во 1998 година, Jeep на домашниот пазар продаде 459.294 нови автомобили, а во 2009 година само 231.701 автомобил.

Иако сеуште се сумираат продажните резултати во Кина и Европа, сепак се очекува вкупната продажба на овие два регионални пазари да изнесуваат околу 450 илјади нови автомобили.