Германскиот авто магазин Autogefühl во својата најнова епизода го тестираше камионот Freightliner Cascadia – камион со ниво на автономија 2.

Актуелниот модел е лансиран во 2006 година меѓутоа минатата година доби фејслифт со неколку технички новитети. Така покрај новите LED светла, подобрената суспензија, неколкуте новитети во внатрешноста, овој модел доаѓа и со автономна технологија од ниво 2. Токму во тест видео новинарите на Autogefühl ги прикажуваат можностите на овој камион.

Претходно е објавено дека e-Cascadia, електричната изведба на овој модел во масовно производство ќе се појави во 2021 година, а со едно полнење на батериите ќе биде во можност да помине и до 400 километри. Максималниот товар кој ќе може да го пренесе изнесува 36 илјади килограми, а благодарение на своите технички карактеристики овој модел доаѓа примарно како конкурент на моделот Semi на Tesla.

Инаку Freightliner Trucks е германска компанија основната во 1942 година во американскиот град Портланд. Од 1981 година е во целосна сопственост на Daimler AG, а според последните планови оваа компанија има големи амбиции во поглед на електричните и автономни камиони.