На интернет се појавија првите фотографии од новата Zafira Life на германски Opel.

Како што може да се забележи од фотографиите, екстериерно, овој модел во целост изгледа идентично на Citroen SpaceTourer и Peugeot Traveller кои со актуелните верзии дебитираа на саемот за автомобили во Женева во 2016 година.

Оттука димензионално овој модел е идентичен како и споменатите. Должината, во зависност од моделската изведба се движи од 4.606 мм до 5.306 мм, ширината изнесува 1,920мм, а меѓуоскиното растојание се движи од 2,930 мм до 3,275 мм. Ова возило покрај со пет, достапно е и со осум седишта.

Opel Zafira Life

PSA Групацијата се одлучи во понудата на Zafira Life да ги понуди истите мотори како и кај наведените модели на Citroen и Peugeot. Така тука, меѓудругото се наоѓаат оснвните 1.6 литарски и 2.0 литарски HDI дизелски мотори со моќност од 95 до 180 КС, а достапни со мануелен и автоматски менувач.

Во слободна продажба овој модел доаѓа оваа пролет, а цената засега не е позната иако се очекува да биде идентична како и Citroen SpaceTourer и Peugeot Traveller.