Американскиот производител Ford и шведскиот Volvo ќе го пропуштат саемот за автомобили во Женева кој ќе се одржи во март годинава.

Причината поради која Ford ќе го пропушти саемот е од финансиска природа односно со неучеството ќе се обиде да се намалат трошоците. Ова во соопштение го потврди портпаролот на Ford Еurope .

Шведскиот производител Volvo нема да учествува на овој саем бидејќи, како што соопштуваат од таму, компанијата ќе се посвети на други алтернативни видови на специфична комуникација.

“Новите промени во автомобилската индустрија креираат нови целни групи за Volvo и нови начини на носење на производот на пазарот” изјави Бјорн Анвал, вице претседателот за стратегија, бренд и продажба на Volvo.

Инаку последните години се ззголемува трендот на неучество на призводителите на авто саеми. Така голем дел од производителите не учествуваа на последниот саем за автомобили во Париз, а причината е идентична кај сите и се однесува на намалување на трошоците и преориентирање на други алтернативни начини на промоција.