Во септември минатата година BMW објави кратко видео од моделот R1250 GS на кое се гледа како овој мотоцикл вози без возач. При тоа германскиот производител не откри многу за техничките карактеристики како и за намерите.

Сега, неколку месеци подоцна, во рамките на саемот CES (Consumer Technology Association) кој се одржа во Лас Вегас, BMW пред светската јавност го претстави првиот целосен автономен мотоцикл.

Како и претходно така и сега, производителот не објави многу технички карактеристики, но она што се знае е дека во овој модел е вградена последната технологија, во голема мера целосно развиена од страна на BMW.

Останува непознато и тоа кога во сериско производство ќе се најде овој мотоцикл и колку ќе чини основниот модел.