Поранешниот шампион на релито Дакар, Андреј Каргинов е дисквалификуван откако на вчерашната трка прегази гледач, а при тоа не застана да понуди прва помош.

Рускиот камионџија со својот KamAZ прегази 60 годишен гледач од Јужна Африка кој бил сместен на необезбедено место за следење на релито. Гледачот бил згмечен од задното лево тркало, но за негова среќа се здобил само со скршеница на долниот дел од ногата по што веднаш беше префрлен во најблиската болница во Перу.

По овој настан, организаторот изрази низа критики до возачот по што беше веднаш дисквалификуван од понатамошниот дел од релито.