Како што беше потврдено уште и минатата година, оваа година PSA Групацијата ќе ја претстави новата, втора генерација од Peugeot 208. Сега се откриени и местото и датумот, па така новата генерација доаѓа во март кога во рамките на саемот за автомобили во Женева ќе биде премиерно претставена продукциската изведба.

Во моментов, Peugeot ги спроведува последните тестирања пред светската премиера, па од маскираната каросерија и не може да се открие многу. Се очекува овој мал автомобил да има бројни идентични елементи како и Peugeot 508, а во внатрешноста ќе дојде со последната генерација на кокпитот.

Она што е познато засега е дека овој автомобил се темепи на новата CMP (Common Modular Platform) платформа која ќе ја користи и новата генерација на Opel Corsa која исто така се очекува оваа година.

Акутелната генерација на 208 во производство влезе во март 2012 година. Во изминатите шест години овој модел се произведуваше во бројни фабрики ширум светот и тоа во Франција, Бразил, Малезија, Словачка, Иран и Алжир.. Благодарение на тоа овој автомобил прерасна во најпродаван градски автомобил на PSA Групацијата.