Кратко траеше авантурата на пикап моделот Fullback – Fiat одлучи да го повлече од понудата по речиси три години откако го лансираше.

Оваа одлука ја потврди италијанскиот производител на најголемиот саем за комерцијални возила кој се одржува во англискиот град Бирмингем.

Како најголема причина за повлекувањето на овој модел е слабата продажба како и новите WLTP процедури поврзани со емисиите на штетни гасови кои овој модел не ги исполнува.

Fiat Fullback во понудата беше воведен во 2016 година. Во целост се темели на моделот L200 на Mitsubishi, а токму и во фабриката на овој производител во Тајланд се произведува овој модел каде се продава во ЕМЕА регионот.