Развојот на мотоциклите започнал кон крајот на XIX век, а значително напредувал на почетокот на минатиот век. Во овој период се формирале бројни компании кои се занимавале со производство и продажба на мотоцикли, но ретко кои до денес се активни.

Еден од ретките мото производители кои се формирани по Првата Светска војна, а кој сеуште успешно функционира на неколку пазари е чешкиот JAWA.

ФОРМИРАЊЕ

Компанијата за производство на мотоцикли JAWA е основана во 1929 година од страна на Франтишек Јанечек, претприемач и најзаслужен за почетоците на оваа индустрија во Чешка.

Иако името на прв поглед асоцира како производител од Индонезија (поради островот Јава) или од околните земји, ова всушност претставува спој на првите два карактери од Janeček (основачот) и Wanderer (компанија која порано била во сопственост на Auto Union).

Франтишек Јанечек (1878-1941) / Извор: en.wikipedia.org

Се започнало во 1927 година кога Јаначек во својата работилница создадол прототип на мотоцикл. а овој прв мотоцикл меѓу другото имал вградено и челична рамка.

Голема помош Јанечек добил од британецот Џорџ Вилијам Печет особено во периодот по формирањето на компанијата кој го искористил неговото знаење во насока на подобрување на некои од производствените процеси и тестирање на мотоциклите.

Џорџ Вилијам Печет со првиот JAWA мотоцикл / Извор: www.jawamotorcycles.com

ЕКСПАНЗИЈАТА ВО 50-ТЕ

Живото на Јаначек згаснува во 1941 кога на 63 годишна возраст умира во Прага. Овој настан како и Втората Светска војна го означија крајот на оваа компанија.

По завршувањето на големата војна и формирањето на комунистичка Чехословачка, благодарение на централизираниот систем на планирање оваа компанија повторно е рестартирања. Со ова Jawa е третата компанија во Чехословачка по CZ и ESO која се занимава со производство на мотоцикли. Всушност во 1948 година беше направено спојување на JAWA и CZ формирајќи ја компанијата JAWA-CZ.

JAWA на рели шампионатот / Извор: www.jawamotorcycles.com

Во 50-те години, JAWA лансираше неколку модели на мотоцикли и тоа 250, 350/353-Pérák, 350/354-Kývačka, 500 OHC и 50 Pionýr. Овие мотоцикли во овој период се извезувале во нешто повеќе од 120 земји поради што популаризацијата на овој бренд стана неизбежна.

60-ТЕ И КАЗНАТА НА HONDA

60-те години се многу значајни за оваа компанија. Прво, во моделот Jawa 250/559 и 350/360 е вградена центрифугална спојка што претставува иновација која (тогаш) чехословачкиот производител ја патентира.

Honda, година подоцна ја користи кај своите мотоцикли, поради што на JAWA испрати тужба на нивна адреса. Honda ја призна вината за неовластено користење на оваа иновација поради што прифати да плати соодветен финансиски надомест како вид на казна за неовластеното користење на оваа спојка.

Во 1963 година, JAWA ја затвора фабриката во Прага, а неколку месеци подоцна ја отвора новата во Тинец.

Во 60те JAWA воведува неколку нови модели како што е моделот 90, 50 Mustang како и California изведбата на 350 со за тоа време препознатлив дизајн.

JAWA ВО ИНДИЈА

Неочекувана популарност JAWA доживеа во Индија каде за прв пат во 50те години беше извезен моделот 353/04. Поради големата популарност и неможноста да одговори на пазарните побарувања во оваа земја, во Индија се формираше компанијата Ideal Jawa кој ја купи лиценцата од Чехословачкиот производител и во оваа земја започна со производството на JAWA мотоциклите.

Во 70-те години овој бренд е во топ 3 најпродавани мотоцикли. Сепак популарноста траеше до 90-те години кога компанијата се соочи со бројни потешкотии. Најпрво губењето на контакт со чехословачкиот производител JAWA предизвика да оваа индиска компанија рапсолага со застарени модели кои испушштаат голема количина на штетни гасови. Во 90-те години и условите за работа во фабриката стануваа неподносливи поради што се почести беа штрајковите.

Сето ова предизвика да Ideal Jawa колапсира во 1996 година оставајќи на улица 3.500 работници.

Моделот JAWA ForTwo е достапен само во Индија / Извор: www.jawamotorcycles.com

Сепак, во октомври 2016 година Mahindra преку својата компанија Classic Legends Private Limited (CLPL) повторно ја откупи лиценцата за произвоството на овој бренд и оттогаш до денес, но со смален интензитет се произведуваат и продаваат овие мотоцикли во Индија.

JAWA И АВТОМОБИЛИТЕ

Во историјата на JAWA, пред се онаа пред Втората Светска војна, ќе остане запишано и производството на автомобили. До почетокот на 1940 година оваа компанија ги лансираше двата, единствени модели на автомобили.

Најпрво во 1934 година го лансираше моделот 700 кој се темелел во целост на DKW F2 моделот кој го произведувала компанијата DKW која пак била во сопственост на Auto Union (од оваа компанија подоцна е формиран Audi). До 1937 година биле произведени вкупно 1.002 автомобили, а продажната цена изнесувала тогашни 22.900 чешки круни.

Вториот модел бил моделот 700 кој бил лансиран во 1937 година, но не забележал некој посериозен успех.

353 ЛЕГЕНДАРНИОТ МОДЕЛ НА JAWA 

Најпознат мотоцикл на JAWA дефинитивно е моделот 353 со сите свои четири изведби. Овој мотоцикл од 1954 до 1962 година се произведуваше во Чехословачка, а до 1973 година во Индија. Одредени варијанти на овој мотоцикл се произведувале и во Турција и Кина.

Првата верзија 353/01 располагал 248 cc и 12 КС. 4 брзинската трансписија до автоматски механизам и т.н. Jikov карбуратор се препознатливите елементи на овој модел. Располага со 10 литарски резервоар за горивото со алуминиумска конзола.

Легендарниот модел 353 од 1957 година

Втората верзија 353/02 е во целост идентична како и првата, но со за нијанса поголеми тркала и резервоар. Единствената измена кај третата верзија се однесува на материјалот од кој е изработен резервоарот. истиот е од бакелит.

Последната, четврта верзија доаѓа со мали, но во споредба со првата поистакнати модификации. Зголемен е резервоарот за гориво за два литри, додадени се нови фарови, а зголемен е и филтерот за воздух кој е со индукциски придушувач.

JAWA ДЕНЕС

JAWA денес е далеку од она што беше во 50-те и 60-те години од минатиот век. Во понудата има само два модели и тоа 350 и 660.

Моделот 350 е со 350 cc со двоцилиндрен мотор и четирибрзинска трансмисија. Максималната брзина на овој модел изнесува 120 км/ч. Моделот 660 во ретро дизајн располага со едноцилиндрен мотор со пет брзини и максимална брзина од 160 км/ч.

Моделот Jawa 660 / Извор: www.jawa.eu

Овие два модели се продаваат само во земјите од Централна Европа и неколку други земји шриум светот, немајќи ја дистрибутивната мрежа од 60те години. И во Индија, Mahindra во понудата има само два модели и двата во ретро дизајн.

Оваа компанија денес е далеку од својата слава, но натаму е вистинска гордос на Чешка и чешките љубители на мотоцикли.