Секоја години студентите кои се дел од Skoda Академијата создаваат по некој концепт. Оваа година тоа е авантуристичкиот концепт-камионет Mountiaq.

Овој концепт кој го изработија 35 студенти е со должина од 5 метри, ширина 2 метри и висина од 1.71 см. При тоа меѓуоскиното растојание изнесува 2.79 см.

Во Sunset Orange боја на каросеријата и црни Rockstar фелни, како и клиренс од 29 см, овој концепт го истакнува својот оф-роуд карактер при тоа интерпретирајќи го добро познатиот Шкодин дизајнерски јазик применет кај повеќето од актуелните модели во понудата.

Извор: Skoda

Портокаловите елементи дискретно се присутни и во внатрешноста, особено на управувачот, рабовите на патосниците како и менувачот. Тука доминира екранот на допир кој е централно поставен, а кој е додаток на богатата опрема која сочинува автоматска клима, воздушни перничиња, кожни ергономски седишта и многу друго.

Под хаубата доаѓа со 2.0 TSI бензински мотор кој продуцира 190 КС. Иако предизвика позитивни реакции, сепак овој концепт нема да добие продукциска изведба.