Најголемиот ланец на бензински пумпи во Македонија, Макпетрол објави оглас за вработување на двајца работници на определено време од 5 месеци на работно место автомеханичар I група во Сервис за автомобили и моторцикли Хонда – Илинденска во Хонда центар во Неенергетски комерцијални дејности.

Кандидатот треба да ги исполува следните три услови: завршено средно образование, возачка дозвола Б – категорија и работно искуство од две години.

Висината на основната плата изнесува 23.000 денари.

Повеќе за огласот и начинот на аплицирање прочитајте ТУКА.