Колку често сте се соочиле со потешкотии при префрлувањето на менувачот во рикверц? Кај многу нови автомобили, особено оние од А и B сегментот (како што се Toyota Aygo, Citroen C1, Nissan Micra, Opel Corsa…) поради самата архитектура на менувачот често се случува да не можете да префрлите во рикверц. Тоа е така поради самиот факт што менувачот работи со сајли.

Ова се случува многу често кога автомобилот е нов и нема поминато 3-4 илјади километри. Поради тоа воопшто не треба да очајувате кога ќе купите нов автомобил, а при тоа се соочувате со ваков проблем. По поминатите 3-4 илјади километри менувачот полека ќе се опушти и потоа многу ретко ќе се соочите со оваа потешкотија.

Но кое е решението додека не се случи тоа?

Едноставно. Притиснете на кумплугот до крајот, гурнете го менувачот во трета брзина, па потоа во четврта. Веднаш потоа повторно вратете го во трета и потоа во рикверц. Со овој трик ќе бидете во можност многу лесно да префрлите во задна брзина.