Речиси две години се најавува лансирањето на првиот електричен камионет на Tesla, но без при тоа да се откријат конкретни информации.

Сега, во пресрет на премиерата која првично е најавена во текот на ова лето, Илон Маск, првиот човек на Tesla обелодени дека цената на овој модел ќе изнесува под 50 илјади американски долари.

“Не сакаме да биде многу скап, мислам дека почетната цена ќе биде пониска од 50 илјади, максимално 49 илјади долари, а идеално би било и помалку од тоа” изјави Маск кој додаде дека покрај основниот модел ќе има и поскапи во зависност од нивото на опременост и типот на батеријата.

Маск не пропушти, а да не ја потенцира совршеноста особено во однос на главниот конкурент Ford F-150 кој исто така ќе дојде во електрична изведба.