Дали некогаш ссте се запрашале кои се највалканите делови во внатрешноста на вашиот автомобил? Едно одамна спроведено истражување ги дава одговорите на ова прашање.

Можеби сите од вас може да погодат дека на листата се наоѓа управувачот. Секако, тоа е место каде поминуваат нашите дланки, а доколку автомобилот е службен или го делиме со некого тогаш тоа е место каде во текот на денот/вите поминуваат најразлични дланки. Општо е познато дека на дланките има многубројни бактерии, па токму истите ги пренесуваме и на нашиот управувач.

На листата се најдоа и патосниците кај возачот. Според едно истражување, брисевите земени од подната патосница кај возачот покажаа дека токму таму има најголема концентрација на бактерии. Токму поради тоа потребно е многу често да се чистат овие патосници. Доколку секојдневно го користиме автомобилот тогаж задолжително е тоа да го правиме еднаш неделно.

Багажниот простор на автомобилот според истражувањето се покажа исто така како место каде што се концентрираат најголем дел од бактериите. Секојднево во багажниот простор пренесуваме најразличен багаж, а при тоа ретко посветуваме внимание за негово чистење.

Држачот на чаши кај предните седишта исто така се најде како едно од местата кои се потенцијално највалкани во вашиот автомобил. Тука многу често ни се истураат кафе, вода, сок и други течности, а ретко кога веднаш ги пребришуваме овие држачи. Затоа е потребно секогаш во автомобилот да чуваме дезинфекциски марамици кои ќе може да ги искористиме за дезифицирање на ова место.

Последно место кое се најде на ова листа се издувните отвори за клима на предниот дел. Овие виздувни отвори се најретко чистените, а по честото користење на климата, и покрај филтрите тука се складираат најразлични микроби. За таа цел, кога се чисти ентериерот потребно е да ги исчистиме и овие делови, на пример со мали четкички.