Иако подолго време се шпекулира околу можноста BMW да лансира камионет, а пред само еден месец следеше демант на оваа информација, на интернет се појави рендер од можниот изглед на оваа моделска изведба.

Рендерот претставува всушност пикап изведба од моделот X7, а истиот е дело на 12 стажанти во германскиот производител на кои им беше потребно 10 месеци за развој на овој рендер.

Доколку се реализираат очекувањата, особено оние на BMW фановите, германскиот производител со овој модел првично ќе го нападне американскиот пазар каде во овој сегмент се генерира значителен дел од пазарната продажба. Во Европа би се појавил како конкурент на Volkswagen Amarok.

Останува да видиме дали сепак, BMW ќе донесе значајна одлука и ќе се впушти во сегментот на пикапи.