Италијанскиот производител на мотоцикли MV Agusta е во центарот на вниманието во мото светот овие денови. Причини за тоа е новата, специјална изведба чиј целосен назив е Dragster 800 RC Shining Gold.

Станува збор за специјалната изведба на основниот Dragster модел кој доаѓа со 800 cc. Располага и со целосно нова графика и издувен систем со високи перформанси.

Сјајно златната боја произлегува од самиот назив “Shining Gold”, боја која во комбинација со темно црната дава навистина позитивно страшен впечаток.

Од компанијата наведуваат дека секој купувач на овој специјален модел ќе ја добие специјално дизајнираната X-Lite X-803 Ultra Carbon кацига, а при тоа додаваат и дека овој модел е за специјални купувачи индиректно наведувајќи дека ќе бидат произведени само одреден број на примероци.

Цената и остнаатите технички карактеристики не се познати.